| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел во виорот на расистички скандал

Брисел се наоѓа во виорот на расистички скандал откако еврокомесарот кој го предизвика, изгледа се извлече од него, соопшти “Њусвик”.

Станува збор за Гинтер Јотенгер, германскиот комесар за дигитална економија, кој неделата во Хамбург за време на еден говор кажа  дефиниција “очи како цепнатинки”, мислејќи  на кинескиоит народ. Јотингер одби да се извини за кажаното и истакна дека слушателите требало да ги разберат моите зборови во “поширок контекст”.

Членови на Европарламентот очекуваат  дека скандалот може да го обесхрабри  предлогот Јотингер да стане еврокомесар за буџетот и човечките ресурси. Ги Верхофстад, претседателот на Сојузот на либералите и демократте за Европа (АЛДЕ) во парламентот рече дека пратениците од Европарламентот “ќе го разгледаат детално однесувањето на Јотингер за време на парламентарното слушање во буџетската комисија”. “Ние не само што ќе провериме дали тој е соодветен за улогата на потпретседател на Комисијата, но и ќе го распрашуваме внимателно за кажаното од него во последно време.” Заменичка на Верхофстад додаде дека расистички, секситски или хомофобични разговори зад затворени врати не се прифатливо однесување за европски комесар. Според неа Јотингер требало да  ги убеди европратениците дека всушност мора да ги почитува европските вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top