Филипо Корсини, наследник на едно од најстарите кралски семејства од Фиренца, загина во сообраќајна несреќа со мотор, по улиците во Лондон. Несреќата се случила откако Филипо изгубил контрола и излетал под теренски камион, во близина на станицата Најтсбриџ.
Дваесет и едно годишниот Филипо беше член на прочуената фамилија од Фиренца, која влече корени уште од Средниот век, и е предок на папата Клемент XII.
Младиот принц се нашол под тркалата на камионот, кој го влечел 15 метри по улицата, а Итната помош по доаѓањето на лице место можела само да констатира смрт.
-Испративме амбулантна кола, како и додатна екипа на доктори. Сите пристигнаа на местото на несреќата за помалку од три минути. Меѓутоа, за момчето немаше спас – изјави портпаролката на лондонската Итна помош за весникот „Стандард“.
Возачот на камионот нагло закочил откако момчето излетало под тркалата, но поради брзината со која возел оставил трага од кочењето од околу десет метри. Возачот веднаш бил уапсен под обвинение дека невнимателно управувал со возилото, и бил однесен во полициска станица на распит, по што му е одреден притвор од месец ден.
Според податоците со кои располага весникот „Стандард“, Фелипо бил на пат кон универзитетот „Риџент“, каде што студирал меѓународна соработка.
Родителите на Фелипе, Дуцио и Клотилда Корсини живеат во Сан Касчано во Вал ди Песа, околу 16 километри јужно од Фиренца, соопштија италијанските медиуми. Своето големо богатство, семејството го стекнало благодарение на трговијата со волна, а потоа и преку банкарски работи. Лоренцо Корсини, предок на трагично настраданиот Фелипе, во 1730 година бил избран за папа, кој покасно станал познат под името Клемент XII.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.