Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево соопшти дека во однос на труењето на три малолетни лица со енергетски пијалок не станува збор за небезбеден производ, туку за непочитување на означувањето од страна на лицата кои го консумирале.
– Производот „Симба“, кој во медиумите се посочува како причинител на труењето со храна на малолетните лица, е безалкохолен пијалак, на кој соодветно е означено дека не се препорачува за деца под 18 години и за бремени жени, се наведува во соопштението на АХВ.
Оттаму посочуваат дека во тек е постапка од надлежните институции за тоа како овој пијалак дошол до малолетните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.