| четврток, 6 декември 2018 |

Зое Салдана: Можеби ќе одгледувам деца со жена

Зое Салдана позирала топлес за насловната страница на „Алур магазин“ и притоа оваа преубава 34-годишна актерка открила многу нешта кои досега не беа познати за неа.

За забавувањето со актерите, таа вели: „Бев, пробав и си купив маичка“.

За сексуалноста: „Можеби ќе завршам со жена со која ќе чувам деца, до таа мера сум андрогена“.

За потрагата по она што го сакате: „Сосема е во ред да речете дека ова е тоа што го сакам и да тргнете по него. Но, и ако не се случи тоа, во ред е. Бидете разумни кон себе“.

За тоа дали знае што сака: „Доколку имам нешто добро пред себе, без оглед дали е тоа маж и чифт чевли, нема да се обидувам ништо друго. Тое е несериозно и незрело“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top