| четврток, 6 декември 2018 |

Ученички од ООУ „Лазо Трповски“ освоија награда на УНЕСКО на конкурс во Јапонија

Македонските претставници, ученици од основното училиште „Лазо Трповски“ во Скопје, добија награда на меѓународниот литературен натпревар во Токио.

Натпреварот го организираше УНЕСКО, во рамки на прославата на 71-та годишнина од основањето на оваа агенција на Обединетите нации за заштита на културното наследство. Во конкуренција со 12.937 ученици од 153 земји, македонските претставници беа наградени за прозни дела на тема „Да создадеме подобра иднина преку образованието“.

Ученичките Александра Исајловска и Матеа Шутарова, под менторство на Стефан Симовски, Лилјана Симоновска и Соња Јовановска ќе ја добијат наградата на 29-ти овој месец, а ќе им ја врачи почесниот конзул на Јапонија во Република Македонија, Казу Лешниковска.

Нивните есеи беа напишани на еден од странските јазици кои ги учат на училиште (англиски или германски) и не подолги од 700 збора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top