| четврток, 6 декември 2018 |

Познат скопски угостител остана без автомобил – запалени две возила во Ново Лисче

Ноќва околу 30 минути по полноќ опожарени беа две возила на паркинг во скопската населба Ново Лисиче.

Според информациите на МВР, се работи за џипот „гранд чероки“, сопственост на Г.Д. (1978) и автомобил „фиат уно“ сопственост на А.М. (1983), и двете возила со скопски регистерски таблички. Опожарувањето се случило на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“, а во инцидентот нема повредени лица.

mop2

Според неофицијалните информации на „Канал 5“, џипот бил сопственост на 39-годишен познат скопски угостител, сопственик на синџир ресторани за брза храна. Телевизијата, повикувајќи се на неофицијални информации и сведоци, сопственикот се сомнева на лица кои подолго време му се заканувале и барале рекет од него.

Фото:kanal5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top