| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите ќе „увезуваат“ работна сила, еве кои кадри се бараат?

Хрватска бара работници за бродоградилиштата, но и за други компании од различни дејности.

Предлог квота за увоз на работна сила во 2017 година е 1.500 работни дозволи. Потребите на пазарот пак, се три до четири пати повеќе.

Како што пишува Дневник.хр, бродоградилиштата, превозниците и градежниците бараат увоз на работна сила. На тоа предупредуваат Стопанската комора и Здружението на работодавци и бараат од Владата итно да се занимава со ова прашање.

-Има работа, има камиони, но нема кој да ги вози. Да се најде возач е вистинска мака- вели славонскиот превозник Бранимир Богдан.

Нудат плати од околу 930 евра за домашен и 2.000 евра за меѓународен транспорт. Истиот проблем го имаат скоро сите превозници во Хрватска. Тие сметаат дека неизбежен е увоз на работна сила. Но, не се единствени, работници бараат и градежниците, бродоградителите, угостителството и туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top