| четврток, 6 декември 2018 |

Има две милијарди долари во банка, се занимава со танц и е ќерка на најпознатиот лидер во светот

%d0%b8%d0%b3%d1%80%d0%b0
Дмитриј Алексејев ја има една од најризичните работи на светот. Овој Русин ѝ е партнер во танц на Екатерина Тихонова (30), жена за која сметаат дека е ќерка на еден од најмоќните владетели на денешницата.

Како што сметаат многу Руси, Екатерина е ќерка на Владимир Путин, а нејзиниот идентитет беше откриен дури минатата година.

Тихонова го користи презимето на својата баба од страната на мајка ѝ, а со Дмитриј се натпреварува ширум светот во акробатски рокенрол танц.

Самиот Путин не сакал да одговори на прашањето дали Тихонова е негова ќерка, инсистирајќи на приватност на својот семеен живот.

И додека наводниот татко на Екатерина владее со светската политика, таа се натпреварува на турнири во танц ширум светот. Така, минатата сабота руската TV Rain емитувала снимки од Тихонова и Алексејев како танцуваат.

Оваа година танчерскиот пар го посетил и Загреб, каде што учествувале на едно натпреварување.

Што се однесува до приватниот живот на ќерката на Путин, Ројтерс своевремено пишуваше дека во 2013 година таа во тајност се омажила за Кирил Шамалов, кој после венчавката „во мираз“ наводно добил акции од неколку државни фирми, вредни стотици милиони долари, ако не и повеќе.

Вредноста на имотот на овој брачен пар е проценета на на две милијарди долари. Инаку, Тихонова е на чело на големиот проект за реорганизација на Универзитетот во Москва

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top