Бугарските власти заплениле рекордно количество од над 13 милиони евра во фалсификувани банкноти, соопшти денеска полицијата.
Најголемиот дел од парите се пронајдени на дното на едно вештачко езеро, а оттаму ги извадиле нуркачи, пренесоа француските медиуми. Банкнотите биле во апоени од 500 евра, а биле сокриени во близина на една брана на југот од Бугарија.
-Полицијата до нив дошла откако еден од фалсификаторите бил уапсен и признал каде се наоѓаат лажните пари- наведуваат француските меидуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.