| четврток, 6 декември 2018 |

Вучиќ: Време е за подобри односи со Хрватска

vucic-i-kolinda

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека се надева оти Србија и Хрватска ќе имаат многу подобри односи откако на чело на Владата во Загреб дојде Андреј Пленковиќ, но исто така оцени дека атмосферата „не е лесна“.

– Се надевам дека односите ќе бидат многу подобри и мислам дека Пленковиќ го мисли истото и се надева на тоа, истакна Вучиќ за време на посетата во Хамбург, одговарајќи на прашањето како ги гледа односите на Србија и Хрватска откако лидерот на ХДЗ ја добил премиерската позиција.

Вучиќ истакна дека двете земји можат да дадат нов импулс во односите и покрај тоа што „атмосферата не е лесна“, јави Хина.

– Немам докази и не сум сигурен, но се надевам дека можеме да изградиме многу подобри односи, поради нашите земји и во корист на нашите народи, нагласи Вучиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top