Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека се плаши дека државните органи нема да откријат кој го оставил оружјето во близина на неговиот семеен дом.
-Им верувам на службите и на државата, но стравувам дека тешко дека ќе откриеме кои се лицата кои го донеле тоа оружје и со која цел е донесено. Што и да е во прашање, замислете некој, а ми се чини дека секој кој остава оружје знае дека золја не е чатал, па и нешто би избришал, или знае дека не е на територија на одредена земја i сеедно му е што ќе остане, бидејќи нема да може да влезете во трага на ДНК- оцени Вучиќ.
Oткако се пронајдени три различни трагови од ДНК на оружјето, прашан дали е уверен дека тоа бил обид за атентат или мисли дека некој случајно го оставил оружјето тука, Вучиќ одговори дека според она што тој го знае и го мисли, најдобро е тоа да не одговори, туку да им остави на службите да си ја работат работата.
-Кога лично сте вплеткан, тогаш не е фер така да се однесувате кон државните органи. Јас верувам на државата, тоа е моја работа и должност и како што им верувам на лекарите и на војниците, им верувам и на полицајците и на службите за безбедност. Дали нешто ќе решат сега или за пет години, премногу е комплицирано, така денеска ми делува, за да би било лесно да се реши – смета премиерот на Србија.
На прашањето дали можеби се сомнева кој стои зад тоа, Вучиќ посочува дека сите негови претпоставки би влегле во „безбројните српски трагикомични теории на заговор“. Нагласи и дека повеќе нема да зборува за овој случај бидејќи и него и целата влада тоа би ги насочило во друг правец.
-Би се занимавале со нас наместо со нашата земја и со нашите граѓани, а немам право тоа да си го дозволам – заклучува српскиот премиер Александар Вучиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.