Судејќи според програмата на Меѓународниот филмски фестивал во Кан, кој почнува утре, една од главните инспирации за филмовите оваа година ќе бидат литературните дела и стрипови.
Во центарот на вниманието на Азурниот брег ќе биде „Големиот Гетсби“, реализиран во 3Д анимација. Филмот ќе го отвори фестивалот и не е во конкуренција за „Златна палма“. Ова е четврта верзија на истоимениот култен роман на Френсис Скот Фицџералд, кој најубавите делови ги напишал во близина на Кан.
Американскиот режисер и актер Дејмс Франко во селекцијата „Одреден поглед“ го прикажува филмот „As I Lay Daying“, адаптација на истоимениот роман на американскиот писател Вилијам Фокнер, во кој ја игра главната улога. Фокнер, кој делото го напишал во 1930 година, никогаш не сакал книгите да му бидат адаптирани за филм.
Во иста селекција и Аргентинката Лусија Пуенсо го прикажува филмот „Walkoda“, адаптација на сопствениот роман. Таа на големото платно веќе го адаптираше своето дело „Дете риба“ во 2009 година.
Роман Полански се враќа во Кан со филмот „Венера во крзно“, адаптација на театарскиот текст на Американецот Дејвид Ајвс. Полански веќе има добиено „Златна палма“ во 2002 година за „Пијаностот“.
Во трката за „Златна палма“ е и филмот на Арно Деплешен „Jimmi P. (Psychitherapy of a Plain Indian)”. Тоа е приказна за ветеранот од Втора светска војна и адаптација на првата книга на етнопсихоаналитичарот Жорж Деверо. И филмот „Животот на Адела“, кој е во трката за „Златна палма“, е адаптација на стрипот „Синото е топла боја“ на Жил Моро. Фестивалот ќе го затвори францускиот трилер на Жером Сал, „Зулу“, адаптација на истоимениот роман на Карил Фере.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство



