Земната површина во зоната на земјотресот со јачина од 6,5 во централна Италија на 30 октомври е намалена за 70 см. Експерти од Националниот институт за геофизика и вулканологија ги анализираат првите добиени слики од сателити. Тие покажуваат таков пад на земјата во областа на Кастелучо – гратче на врвот на еден рид во долина во областа Марке.
Претходно беше соопштено дека по претходните земјотреси од 24 август и 26 септември во централна Италија висината на Апенините е намалена во просек за 40 см.
Земјотресот со јачина од 6,5 го погоди централниот дел на Италија во 07:40 часот на 30 октомври во реонот, засегнат веќе од истата катастрофа на 24 август и 26-ти октомври.
Потресите беа почувствувани и во Рим и други области на земјата. Разурнувања има во 200 населени места во областите Умбрија и Марке. Значително настраданиот од земјотресот на 24 август, градот Аматриче, практично е срамнет со земја.
Десетици слаби земјотреси продолжуваат да ја тресат централна Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.