Како што и посочуваа сеизмолозите од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, тешко да се каже кога земјата ќе престане да се тресе во Италија.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека во вторникот во центарот на Италија се регистрирани седум нови земјотрес во рок од само еден час и половина, при што најсилниот бил со магнитуда од 4,9 степени. Потресот траел осум секунди, а сведоците тврдат дека нивните куќи се треселе и покрај фактот дека тие се одалечени повеќе од 30 километри од епицентарот (Pieve Torina).
Во овој момент дури 15.000 лица се насилно раселени, додека цивилна заштита очекува бројот да се зголеми уште повеќе во следните денови.
Истиот регион во централниот дел на Италија во неделата го стресе земјотрес со јачина од 6,5 степени, а потресот се почувствувал и во поголемиот дел на Хрватска, особено во крајбрежниот дел на земјата и на горните катови на зградите.
Овој земјотрес се смета како продолжение на зголемена сеизмичка активност, која започна во август оваа година во областа на Amatrice-Norcia, кога загинаа 298 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.