Ана и Бастијан Швајнштајгер се фотографирани во округот Шечир, на северозападот на Англија, каде што неодамна купија вила. Овие фотографии се направени во соседството, а насмевките на лицата зборуваат дека освен за вилата имаат и уште една добра причина за среќа.
Британските таблоиди пренесуваат дека Швајни го прославил враќањето во првиот тим на Манчестер Јунајтед со сопругата и дека двајцата се пресереќни за неговиот успех.
Овие фотки се направени непосредно по тренинг.
Имено, Бастијан првпат оваа сезона тренираше со првиот тим на Јунајтед, што значи дека повторно ќе го гледаме во Премиер лигата. Досега, со одлка на тренерот Жозе Мурињо, тренираше само со резервниот тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.