На регионалниот патен правец Р2137 Војшанци – Бистренци – Корешница, делницата помеѓу Бистренци – Корешница, ќе биде затворена за сообраќај за сите видови сообраќај од утре до сабота, соопшти денеска Диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Прекинот на сообраќајот е поради изведување градежно – асфалтерски работи, во тек на кое ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.