| четврток, 6 декември 2018 |

Непалскиот кандидат за „Оскар“ од неанглиско говорно подрачје во Битола

Драмата „Кало Поти“ или „Црвената кокошка“ од Непал, во режија на Мин Бахадур Бам, ќе биде премиерно прикажана в среда (2 ноември) во 19.30 часот во малата сала на 3Д Кино-Битола. Станува збор за приказна која е сместена во 2001 година во срцето на Мугу, област во северно-западен Непал за време на Непалската граѓанска војна (1996-2006). Ова е првиот филм кој доаѓа од Непал што беше прикажан на годинашниот Венециски филмски фестивал каде што ја освои наградата „Федеора“ за најдобар филм од жирито на филмските критичари. Филмот е годинашен кандидат за „Оскар“ од неанглиско говорно подрачје. Продуценти на филмот се Ана Качко, Церинг Ритар Шерпа, Мин Бахадур Бам, Дебаки Раи, Кетрин Дусо и Ануп Тапа.

unnamed

Филмот беше прикажан во официјалната програма во категоријата „кадети“ на фестивалот „Џифони Македонија“ што неодамна се одржа во Скопје.

Дистрибутер на „Кало Поти“ за Македонија е КТ Филм и Медиа од Битола, а дистрибуцијата е помогната од францускиот Национален филмски центар за подвижни слики.

Билетите за премиерата во 3Д Кино Битола се веќе во продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top