| четврток, 6 декември 2018 |

Романот „Чудност во умот“ од Орхан Памук објавен на македонски

„Табернакул“ го објави романот „Чудност во умот“ од Орхан Памук, кој истовремено е и современ еп и љубовна приказна, на кој авторот работел шест години.

Романот претставува и хроника на животот во Истанбул од 1969 до 2012 година, преку личните приказни на три генерации од едно семејство, кое од Анадолија се преселило во големиот град во потрага по подобар живот.

– Прикажувајќи период подолг од четириесет години, читателот во оваа книга може да ја следи трансформацијата на градот, но и политичката историја на Турција. Раскажана низ призмата на сите ликови, приказната во оваа книга потврдува дека нашите одлуки се она што го одредува текот на нашиот живот – соопшти „Табернакул“.

Изданието може да се најде на kupikniga.mk и во книжарниците „Или-или“ и „Матица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top