| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: На 11 декември народот ќе направи разлика меѓу посветеноста и деструкцијата

Јас сум повеќе од убеден дека на 11 декември, граѓаните на Република Македонија, народот на Македонија, ќе направи сериозна разлика меѓу посветеноста и деструкцијата и ќе стави крај на оваа политичка криза, а Македонија ќе продолжи цврсто, стабилно, реформски да се развива по однос на сите нивоа, по однос на сите параметри кои се од исклучително значење за нашата држава.

Ова го истакна Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ, по денешната средба со граѓани во општината Бутел.

„Денеска сум во посета на општина Бутел на средби со граѓаните и со нашите поддржувачи за промоција на досега реализираните проекти и директен разговор со нив за да ги презентираме сите состојби што досега го карактеризираа функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект“, рече Ристовски.

Нагласи дека тоа се однесува на посветеноста во делот на реализација на понудените проекти и отчетноста кон граѓаните за се што досега е реализирано и за планoви за следниот период.

„Само на тој начин може да се продолжи да се функционира доколку имаш доверба од граѓаните“, потенцира Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top