| четврток, 6 декември 2018 |

Овие зборови ќе ви го спасат бракот: Дури и ако сте во најголема криза

Сосема е нормално да има и добри и лоши денови, а на сите понекогаш им се потребни вистинските зборови за подобро да го разберат тоа што им се случува.

Овие изјави се тука за да ви помогнат да го направите бракот уште подобар, ново исто време со нивна помош да научите и како да ги пребродите тешките времиња.

Секој ден кажете нешто позитивно еден за друг.

Нека вашата цел биде да го направите бракот да биде најсигурно место на светот.

Секогаш водете сметка на вашиот брачен партнер да му го подарите најдоброто од себе, а не тоа што останало од вас откако најдоброто сте им го подариле на сите други.

Љубовта е одлука, ветување дека секогаш ќе бидете тука без оглед на се.

Давајте повеќе, земајте помалку.

Никогаш не претпоставувајте.

Никогаш немојте да прекинете да излегувате на состаноци со вашата сопруга.

Никогаш немојте да прекинете да флертувате со вашиот сопруг.

Сексот решава поголем број од проблемите. Вклучувајќи ја и главоболката.

„И си живееја среќно до крајот на животот…“, не е бајка, тоа е избор.

Занемарете го целиот свет, но никогаш не се занемарувајте еден со друг.

Добрите односи се темелат врз две работи – ценењето на сличностите и почитувањето на различностите. Ако мора да критикувате, правете го тоа со љубов.

Тревата е позелена таму каде што ја полевате.

Постојат и подобри зборови од „те сакам“. Тоа се „јас сум тука и ќе бидам со тебе“.
Ако имате време да се жалите, имате време и да сторите нешто за тоа да го смените.

Чудата настануваат од тешкотии.

За успех во бракот не е најважно само да се пронајде вистинскиот партнер, туку и да бидете вистинскиот партнер.

Вашето патување не е идеално о е само ваше.

Поголем број од бракови би биле подобри кога сопругот и сопругата би сфатиле дека се на иста страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top