| четврток, 6 декември 2018 |

Покераш освоил 9,2 милиони долари со филмска измама, казиното не го исплаќа

Британското казино „Крокфордс“ одби да му исплати на познатиот коцкар Фил Ајви 9,2 милиони евра кои ги добил на играта „пунто бланко“, која се базира на среќа. Раководителите на казиното тврдат дека „покерскиот Тајгер Вудс“, како што го нарекуваат овој несуден милионер, забележал фабричка грешка на задната страна од картите и ја искористил за мамење.

Како што пренесува „Дејли мејл“, картите за „пунто бланко“ би требало да бидат сечени така што геометрискиот дезен на нивната задна страна да изгледа неизменет кога ќе ги свртите картите за 180 степени.

Во тој случај дошло до грешка во сечењето, а покерашот со искусно око бргу заклучил за кои карти станува збор. Иако тој тврди дека не направил ништо противзаконско, казиното и натаму одбива да ми ја исплати наградата.

Ајви поминал три вечери во казиното со непозната девојка, која, исто така, освоила значителна сума и постои сомнение дека измамата ја испланирале заедно. Тахниката со која се служел е прикажана во филмот „Калеидоскоп“ од 1966 година во кој главната улога ја толкува Ворен Бити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top