Деветнасетгодишно момче, кое возело мотор, е во кома откако во него удрил автомобил „пежо“ со којшто управувал педесет и двегодишен скопјанец.
Сообраќајката се случила вчера во 15.10 часот на булеварот „Видео Смилевски – Бато“. Момчето е задржано на лекување во Ургентниот центар – КАРИЛ.
Во сообраќајката повредено е и дваесет и двегодишно момче, сопатник на мотоциклот.
Тој е задржан во Ургентниот центар и е во стабилна состојба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


