| четврток, 6 декември 2018 |

На 11 декември народот ќе гласа против лагите на СДСМ, против кризата и против Заев

СДСМ две години ја држи Република Македонија во заложништво измислувајќи причини за да избега од изборното соочување, затоа што знае дека на изборите ќе биде поразен катастрофално и изборите ќе значат крај на кризата во која што аболицираниот Заев ја втурна државава, рече денеска на прес-конференција Никола Тодоров, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Една од главните причини со кои Заев го правдаше својот катастрофален рејтинг и бегањето од избори беа лагите и манипулациите со избирачкиот список. СДСМ две години ја лажеше буквално македонската јавност дека избирачкиот список имало половина милион фантоми. Потоа раководството на СДСМ измисли дека на списокот имало 450.000 фантоми, па измислија дека имало 300.000 фантоми. Од ден во ден лицитираа со различни бројки, сонови бројки за на крај да дојдат до измислени 150.000 фантоми со кои наводносе обидуваа да го оправдаат поразот на изборите во 2014-та година. После почнаа да вршат дополнителни притисоци со нови лаги дека немало повеќе од 1,5 милиони гласачи. Сите се сеќаваме на тоа. Тоа се јавни искажани зборови од раководството на СДСМ, вклучително и највисокото раководство. Срамно и потценувачки кон сите граѓани на Република Македонија, вели Тодоров.

Тој потсети дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е кристално јасен и дека владејачката партија постојано ја потсетуваше партијата во заложништво на Заев, дека СДСМ не губи на изборите поради измислените фантоми, туку поради олјата на нардотот, кој не ја сака деструкцијата што ја промовира СДСМ.

-Престанете да го понижувате и да го лажете сопствениот народ. До вас е. Народот не ја сака деструкцијата што ја промовирате. Народот сака просперитет и проекти. Затоа и губите на избори. И затоа повторно ќе загубат. Ние бевме сигурни дека порано или подоцна лагите или манипулациите на СДСМ ќе излезат на виделина.

ВМРО-ДПМНЕ побара да предложат методологија за прочистување на избирачкиот список како што тие мислат дека треба или како што тие сакаат. Избирачкиот список се прочисти по нивната методологијата. По методологијата што ја одбра СДСМ. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија на избирачкиот список има 1.783.215 гласачи или 3.087 повеќе во однос на бројот на гласачи во 2014 година.

-Како меур од сапуница ги снема лагите и тврдењата на СДСМ. Значи нема ниту половина милион фантоми, ниту 300.000 фантоми. Има само уште една огромна лага на СДСМ. Има и луѓе кои се избришани од избирачкиот список зарадинивната методологија. И тоа станува збор за луѓе коишто се јавни личности и добро познати на македонската јавност. И коишто досега имале и имаат право на глас и веројатно гласале во минатото. Она што е многу значајно да го знае секој, еден македонски граѓанин е следното: Кој еднаш лажел, ќе лаже повторно. СДСМ лажеше за по еден вработен во секое семејство, сега лаже за половина милион фантоми. Народот не сака лаги. Народот е против кризата којашто ја наметна СДСМ. На 11 декември народот ќе гласа против лагите на СДСМ, против кризата, против Заев и против СДСМ. На 11 декември народот жестоко ќе ги казни и Заев и СДСМ, заврши Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top