Вчера во 15.10 часот во ЕИК Скопје било пријавено дека на бул. „Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (52) од Скопје и моторцикл управуван од Б.Н. (19) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на моторциклот, кој во коматозна состојба е пренесен и задржан на лекување во Ургентниот центар – КАРИЛ. Како сопатник на моторциклот бил А.Р. (22), и истиот бил задржан во Ургентниот центар и е во стабилна состојба.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.