Францускиот неделник „Франс фудбал“, кој од идната година пак самостојно ќе ја доделува наградата „Златна топка“, го прогласи Серхио Рамос за најдобар дефанзивец за 2016 година.
Во анкетата, во која гласаа преку 15.000 читатели на тиражниот магазин, јунакот од финалето на Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа во дресот на Реал Мадрид, собра 18% од гласовите.
Веднаш зад капитенот на Реал Мадрид се пласираа Тиаго Силва од ПСЖ со 16% од гласовите и Жером Боатенг од Баерн Минхен и Леонардо Бонучи од Јувентус со по 10%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Капитенот на Шпанија го прослави голот со албанскиот орел?! (видео)
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)