| четврток, 6 декември 2018 |

Модата повторно е во градот: Почна Модниот викенд Скопје

Со ревивја на дизајнерката Јована Филиповиќ и нејзината колекција „The Great Beauty“ вчеравечер во „Скопје Мериот хотел“ почна четиринаесеттиот Моден викенд Скопје.

– Новата колекција црпи инспирација од италијанското кинематографско достигнување “La Grande Belleza” на Паоло Сорентино. Приказна која поттикнува размислување за општеството во кое живееме, стремежите, потребите и заедничките вредности кои се резултат на модерното живеење. Колекцијата е кохезија на модерните, хедонистички и декаденти трендови испреплетени со носталгија по времето на вистинската убавина и гламур. Едноставно пораката на колекцијата е ’Во тренд, но со вистинска доза на безвремеменост’ – порачува Филиповиќ.

unnamed

unnamed-1

unnamed-2

На првата модна вечер дебитираше „Папаз“ (Papaz) со колекцијата „Враќање на антихеројот”. Музиката на ревијата беше на Димитар Андоновски.

unnamed-6

– Совршениот лик за колекцијата е секоја несовршена личност која се спротиставува на толпата. Колекцијата се занимава со внатрешниот човечки изглед кој го трансформира и бескомпромисно го прикажува онаков каков што е, храбар, незапирлив, неуништлив. Да се освои толпата и да се продолжи заедно со неа е херојство, но храбро да и се заврти грбот е мисија на реткиот антихерој – вели дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски.

unnamed-5

unnamed-8

Публиката ја виде и најновата колекција на уникатен накит од „Sigma Jewelry“ под името „Сите бои на есента“. Станува збор за форми накит мотивирани од силуетите на есенското сонце и златните овошја , нова генерација на дијамантско сечење со завршница со златна прашина за дополнителен сјаен ефект.

unnamed-12

unnamed-11

unnamed-10

Првата вечер заврши со дебитантската ревија на Филип Тренчовски и „Birds of Pray“,експериментална женска колекција инспирирана од дивите птици грабливки , кои по пат на конструктивната техника мулаж и геометризација на птичјата форма се создадени современи дизајнерски парчиња облека, со интересна композиција, оригиналност и мала скулптуралност која придонесува во“грабливоста”на секое човечко око да биде насочено кон нив.

unnamed-15

unnamed-14

unnamed-13

Модниот викенд продолжува вечера со ревиите на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на облека“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, на Дејан Тодоровиќ со колекцијата “Look@me”, „Elezi Paris“ и Олгица Ѓоргиева која ќе ја претстави колекцијата „Touch of my soul”.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top