Славица Ќуктераш и Тања Савиќ беа најдобри другарки по музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, а потоа прекинаа да контактираат поради караница. Како што пишуваа медиумите во тоа време, проблемот настанал бидејќи Славица била емотивно заинтересирана за тогашниот дечко на Тања, па пејачките се скараа и престанаа да се движат на исти места. Во еден момент се појави информацијата дека Славица ја повикала Тања да и’ биде сведок на венчавката, бидејќи ги решиле недоразбирањата што траеја дури седум години.
„Во налетот на емоциите поради обновеното пријателство, Славица посака Тања да и’ биде кума. Меѓутоа, набрзо се премисли! Само престана да и’ се јавува на Тања!“
По сите перипетии, и двете пејачки потврдија дека сега се во добри односи, а Славица и нејзиниот партнер Влада Аврамов пред 2 дена му станаа родители на девојчето Викторија. Многумина се прашуваа дали Тања ќе и’ честита, и таа и’ честита. Под фотографијата што Славица ја објави на Инстаграм, Тања прва напиша кратко:
„Честитки, Славице, нека е живо и здраво девојчето!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.