| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 20 повредени во земјотрсот во Италија (Видео)

Најмалку 20 луѓе се повредени во земјотресот што утрово го погоди централниот дел од Италија, соопштија италијанските власти.

Според властите, станува збор за лесни повреди.

Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека и покрај силниот земјотрес до овој момент нема информации за човечки жртви.

Тој нагласи дека властите ќе ги обноват сите куќи, цркви и други објекти уништени во низата земјотреси кои ја погодија Италија во изминатите два месеца.

Шефот на италијанската Служба за цивилна заштита Фабрицио Курчо изјави дека засега нема регистрирано човечки жртви од земјотресот со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала. Претходно беше објавено дека земјотресот бил со интензитет од 6,1 степен по Рихтер. Пред два мсеца во земјотрес на истиото подрачје загинаа речиси 300 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top