Српскиот премиер Александар Вучиќ во обраќањето во живо од Владата на Србија порача дека не знае ништо околу пронајденото оружје во близина на неговиот дом. Тој потврди дека локацијата каде било пронајдео е сомнителна, зошто безбедносните служби му рекле дека тоа е единственото место каде тие би се поставиле доколку имале намера да направат нешто. Ако некој сакал да ми направи нешто, не би имале никакви можности против тоа порача Вучиќ. Тој сепак се надева дека станува збор за случајност, но сепак ќе ги почека резултатите од ДНК анализите.
– Не сум убиец и нема да учествувам во убиства. Подобро е да бидете убиен, отколку да сте вмешани во убиство. Јас за ова што се случи незнам ништо. Слушнав некои работи, но недоволни за да излегувам со нив во јавност. Синоќа се земени сите отпечатоци и сигурен сум дека ќе бидат пронајдени делумни ДНК остатоци, па ќе утврдиме – можеби некој и случајно го оставил оружјето. А и ако не го најдеме пак се ќе биде јасно. Незнам ништо повеќе, како гуска во магла сум, без оглед на сите теории. Најмногу ме плаши што таму си играат деца и некој можеше да настрада, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст