| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Ваљево: Напаѓач го изрешетал клубот, еден загинат, тројца повредени

Едно лице загина, а тројца се повредени во оружениот напад кој синоќа два часа по полноќ се случил во нокниот клуб “Зипа” во Ваљево.

Според информациите кои ги објавуваат српските медиуми дошло откако непознато машко лице на кое претходно обезбедувањето во клубот му забранило да влезе започнало да пука преку стаклениот излог на барот во кој имало свирка и бил преполн со гости.

Од здобиените рани починал Д.Д.(24) од Ваљево. Тој со повреди на главата и градниот кош бил пренесен во ургентниот центар каде бил направен обид за реанимација, но им подлегнал на повредите.

Д.М. (26) се здобил со повреди на карлицата и ногата и се наоѓа во шок соба, Д.П.(40) бил ранет во надколеницата и задржан е на болничко лекување надвор од животна опасност. Во пукањето повреден е и С.П. (34), но тој по укажаната помош е пуштен на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top