| четврток, 6 декември 2018 |

Ова никако не треба да го правите со своите деца

Спиење во кревет со детето е многу честа појава кај родителите. Новото истражување може да ве натера да го смените своето однесување. Истражувањето покажало дека тоа кај децата предизвикува депресија и анксиозност.

Во студијата учестувале повеќе од 3.500 родители со деца и биле поделени на четири групи.

Една група никогаш не спиеле со мајката во кревето, друга тоа го правела кога децата биле многу мали, третата – кога биле поголеми и четвртата била онаа во која родителите постојано спиеле со децата.

Се покажало дека децата кои спијат со родителите постојано се најдепресивни и боледуваат од анксиозност.

– Тие деца често имаат емотивни и ментални проблеми. Родителите треба да ги учат децата да бидат самостојни, а не да го делат креветот со нив. Тоа длабоко се всадува во детската психа и може да остави големи последици – се вели во истражувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top