Огромна кралска боа и албино бурмански питон биле пронајдени во багажникот на автобус кој патувал од Осиек за Нови Сад, пишуваат медиумите во Хрватска.
Царинарниците на граничниот премин Илок го прегледувале автобусот кој доаѓал од Нови Сад. Во просторот за багаж забележале дека во една вреќа нешто се движи. Откако поминал првичниот шок, царинарниците ги тргнале на сигурно огромните змии.
И двете змии се огромни и може да пораснат и до три, односно четири метри. Не се отровни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.