За 2,5 до 3 години треба да биде завршен и пуштен во употреба амфитеатарот во Скупи. Инвестицијата вредна седум милиони евра е дел од предвидените „40 нови проекти за младите луѓе во Македонија“, ќе има 9.000 седишта и ќе се користи за различни манифестации, концерти, музички и театарски настани.
Ова го најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по пуштањето на Центарот за физикална и хидро терапија во ГОБ „8-ми Септември“.
Одговорајќи на новинарски прашања, Груевски истакна дека со амфитеатарот Скупи практично се обновува нешто што постоело тука уште во римскиот период. Проектот ќе биде наменет пред се за младите луѓе и ќе биде нова понуда во Скопје и Македонија.
– Македонија нема таков голем амфитеатар на отворено како што е овој, има еден голем во Охрид кој собира 3.000 до 3.500 гледачи, но овој во Скопје ќе биде најголем. Инвестицијата ќе чини седум милиони евра, работите веќе почнаа да се изведуваат од пред една недела. Се завршија сите подготвителни работи и тендерските процедури, се избра и изведувач на електронска аукција кој ги почна работите, нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст