| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Пластичарска

фото: primetime.mk

Тешка сообраќајна незгода се случила вчера вечер околу 19 часот на булевар „Југославија“, на Пластичарската улица во близина на надвозникот кај Бит-пазар, во која е тешко повреден велосипедист, јави Primetime.mk

Повредениот велосипедист веднаш бил пренесен на лекување во скопскиот ургентен центар.

Очевидци на настанот велат дека велосипедистот се движел по средината на булеварот и во моментот кога сакал да премине на другата страна од коловозот бил удрен од возило марка „голф“ со скопски регистарски таблички.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top