Сојузот на сметководители на Република Македонија и Заедницата на општински здруженија на сметководители на Град Скопје, попладнево, со свечена седница, одбележаа 60 години постоење.
На јубилејот присуствуваа премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за финансии Кирил Миноски, директорот на Централниот регистар Андреа Поповски, како и претседателот на Сојузот на стопанските комори (ССК) Данела Арсовска.
– Прославувањето 60 години постоење е особено респектабилна историја. Влегувањето во седмата декада јасно зборува за значењето и улогата на сметководителите во македонската економија и севкупното финансико работење, нагласи премиерот Димитриев во обраќањето.
Сметководството отсекогаш било еден од најзначајните столбови на кои се потпираат фирмите, менаџерите, инвеститорите, па и држвата, додаде Димитриев. Посебно се осврна на законската рамка донесена во 2012 година која, како што подвлече, воведе ред во оваа интелектуална професија.
– Процесот на одржување и обработка на финансиските податоци и информации е особено макотрпна професија која бара професионалност и исклучителна посветеност за да не се направат пропусти и грешки кои може да имаат бројни негативни последици, како од финансиски, така и од деловен аспект. За жал, сериозноста на ваквата улога на сметководството не секогаш беше во чекор со добрата законска регулатива во нашата држава, посочи премиерот.
Тоа, истакна, имплицираше состојба во која секој можеше да биде сметководител, без разлика на неговата стручност и образование.
– Затоа, по долгогодишно отсуство на институционална рамка, Владата направи напор за ставање ред во оваа интелектуална професија, како од аспект на професионалноста и знаењето, така и од асект на реалната валоризација на трудот и одговорноста. Се донесе Законот за вршење на сметководствените работи кој ги таргетираше полињата на образование, професионална хиерархиска скала по која со стекнување може да се напредува, полагање испити за лиценци, потребата за постојана надоградба и едукација,… Се надевам дека ваквата законска регулација донесе нови времиња во фелата, но во исто време сум сигурен дека работите може да бидат и подобри. Но, најбитно е што сега имаме добра и здрава законска основа за развој и идна надградба на професијата, напомена Димитриев.
И министерот Миноски укажа на значењето од Законот со кој, нагласи, се воспоставија високи, меѓународно прифатени стандарди за сметководствената професијата.
– Законот има за цел да го поддржи развојот и унапредувањето на професијата сметководител во Република Македонија заради обезбедување транспарентно, професионално, висококвалитетно и објективно финансиско известување, рече Миноски.
Во однос на јубилејот, потенцира дека традицијата само ги потврдува значењето и улогата која сметководството како професија ја има во економијата, особено во развојот на финансискиот и приватниот сектор. – Висококвалитетното финансиско известување овозможува транспарентност која е основа за доверба и за пристап до капитал и инвестиции, што на крајот резултира со поголем раст на целата економија, истакна министерот.
Сојузот на сметководители на Република Македонија е основан во 1956 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст