| четврток, 6 декември 2018 |

Обединета десница од­говор на деструктивните сили

 

Nikola-Srbov-150.jpg

Колумнист: Никола Србов

Во кон­текст на ди­ску­си­и­те за обе­ди­ну­ва­ње на дес­ни­ца­та и оправ­да­но­ста на исто­то се отво­ра ди­ле­ма­та да­ли е тоа во­оп­што по­треб­но? А кој по­до­бро би ни дал од­го­вор на оваа ди­ле­ма ако не исто­ри­ја­та би­деј­ќи ко­ре­ни­те на раз­до­ри­те и обе­ди­ну­ва­ња­та се дла­бо­ко во неа. Ќе ви прет­ста­вам не­кол­ку ана­ло­гии за да сфа­ти­те де­ка исто­ри­ја­та нѐ учи ду­ри и во нај­сит­ни­те днев­но­по­ли­тич­ки слу­чу­ва­ња и пре­диз­ви­ци. Ќе за­мо­лам да не би­дам по­греш­но сфа­тен во кон­текст исто­ри­ја-по­ли­ти­ка, всуш­ност исто­ри­ја­та не ја гле­дам ка­ко су­во­пар­на на­у­ка ко­ја тре­ба да му пре­не­се на чо­ве­ка што би­ло и ту­ка да за­ста­не, за ме­не таа е не­што по­ве­ќе. На­у­че­на лек­ци­ја, здо­би­е­но искус­тво, на­вре­ме­на ин­фор­ма­ци­ја, ка­ко са­ка­те.

Ќе ви го свр­там вни­ма­ни­е­то кон еден исто­ри­ски факт, а вие са­ми до­не­се­те зак­лу­чок ка­ко тре­ба на­та­му.

Во пред­ве­че­ри­е­то на Бал­кан­ски­те вој­ни, Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја има­ла обид да ги збие сво­и­те ре­до­ви и во на­ле­тот на со­сед­ни­те вој­ски да се по­ста­ви со­од­вет­но на ма­ке­дон­ски­те ин­те­ре­си. Во 1911 го­ди­на во Цен­трал­ни­от ко­ми­тет на Ор­га­ни­за­ци­ја­та бил ин­кор­по­ри­ран Хри­сто Чер­но­пе­ев. Две го­ди­ни прет­ход­но, во 1909 го­ди­на Чер­но­пе­ев и Ја­не Сан­дан­ски ја офор­ми­ле На­род­на­та фе­де­ра­тив­на пар­ти­ја. По из­ма­ма­та од стра­на на Мла­до­тур­ци­те, Чер­но­пе­ев се вра­ќа на ста­ри­те прин­ци­пи и од тој мо­мент за­поч­ну­ва­ат же­сто­ки­те не­при­ја­телс­тва по­ме­ѓу Чер­но­пе­ев и Сан­дан­ски, Ор­га­ни­за­ци­ја­та вле­гу­ва во го­лем раз­дор и по­дел­би кои во­дат кон ли­кви­да­ции. Се­кој раз­дор вна­тре во ВМРО имал сил­ни имп­ли­ка­ции врз ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње, а раз­до­рот нај­че­сто бил пре­диз­ви­ку­ван од над­во­ре­шен фа­ктор.

И се­га, што има вр­ска ова со де­нес?

Пред са­ми­от по­че­ток на вој­на­та Чер­но­пе­ев му ис­пра­ќа на Сан­дан­ски не­кол­ку пис­ма во кои му ја опи­шу­ва це­ла­та со­стој­ба. Сан­дан­ски во тој пер­и­од е це­лос­но изо­ли­ран за­ед­но со сво­ја­та гру­па, поз­на­ти­те Сер­ча­ни. Чуд­но, Чер­но­пе­ев ис­пра­ќа пис­ма, а Сан­дан­ски прет­по­ста­ву­ва кон што во­ди тоа. Тие пис­ма, всуш­ност, се по­да­де­на­та ра­ка од Чер­но­пе­ев, ка­ко чо­век од Цен­трал­ни­от ко­ми­тет, до Ја­не Сан­дан­ски и Та­не Ни­ко­лов, да се ста­ви крај на не­при­ја­телс­тва­та по­ме­ѓу фрак­ци­и­те. Би­ло по­треб­но по­ми­ру­ва­ње пред та­ков клу­чен мо­мент, пред вој­на во ко­ја се од­лу­чу­ва­ла ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја.

Од­го­во­рот на Ја­не Сан­дан­ски на по­да­де­на­та ра­ка е су­шти­на­та, од­го­во­рот е во ви­стин­ско вре­ме, на ви­стин­ско ме­сто, и да не пре­те­рам, но ќе ка­жам, др­жав­нич­ки од­го­вор. На овој пред­лог Сан­дан­ски од­го­во­рил на след­ни­от на­чин, па­ра­фра­зи­рам, не­при­ја­телс­тва­та и гре­во­ви­те не ги за­бо­ра­вам, но до­де­ка трае вој­на­та ги за­мрз­ну­вам си­те не­при­ја­телс­тва и во неа вле­гу­ва­ме за­ед­но.

Ста­ри­те со­ра­бот­ни­ци ги за­мрз­на­ле не­при­ја­телс­тва­та и за­ед­но влег­ле во вој­на­та, вој­на за ко­ја мис­ле­ле де­ка е од­лу­чу­вач­ка за Ма­ке­до­ни­ја, вој­на ко­ја е да­ле­ку по­важ­на од нив­ни­те не­до­раз­би­ра­ња и су­е­ти. Ко­га ќе го пог­лед­не­те ис­хо­дот са­мо од Пр­ва­та бал­кан­ска вој­на, ќе ви­ди­те де­ка обе­ди­не­ти­те си­ли на Ор­га­ни­за­ци­ја­та, всуш­ност, ја ос­ло­бо­ди­ле це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја, оста­на­то­то е по­ли­ти­ка во ко­ја ви­на има и на­ша­та пос­тво­е­на раз­е­ди­не­тост.

Де­нес Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но се на­о­ѓа пред го­ле­ми иску­ше­ни­ја, на тие иску­ше­ни­ја тре­ба да се има со­од­ве­тен од­го­вор. Без раз­ли­ка на по­ли­тич­ки­те пар­тии, мно­зинс­тво­то сме­та де­ка тре­ба да го со­чу­ва­ме тоа што го има­ме, а по­доц­на ќе се бо­ри­ме по­ли­тич­ки. За жал, Сан­дан­ски бе­ше уби­ен три го­ди­ни по обе­ди­ну­ва­ње­то. До­кол­ку на­ви­сти­на зна­е­ме да учи­ме од ми­на­то­то, то­гаш не­ма да се би­е­ме и по де­неш­но­то обе­ди­ну­ва­ње, тоа на Ма­ке­до­ни­ја нај­мал­ку ѝ е по­треб­но.

А што ве­ли искус­тво­то во од­нос на ди­ле­ма­та?

Ко­га бев­ме обе­ди­не­ти, ја соз­да­дов­ме нај­ма­сов­на­та Ор­га­ни­за­ци­ја на овие про­сто­ри ко­ја по­доц­на пре­рас­на во нај­ма­сов­на ор­га­ни­за­ци­ја на европ­ски­от кон­ти­нент. Ко­га не ни бе­ше нак­ло­не­та ни­ту ед­на др­жа­ва од го­ле­ми­те си­ли, ние ус­пе­ав­ме да на­пра­ви­ме под­зем­на ре­пуб­ли­ка, ја на­пра­вив­ме би­деј­ќи бев­ме обе­ди­не­ти. Ко­га бев­ме обе­ди­не­ти, го кре­нав­ме во­ста­ни­е­то кое ста­на сим­бол на на­ше­то по­сто­е­ње и жел­ба за сопс­тве­на др­жа­ва. Ко­га бев­ме обе­ди­не­ти, го др­жев­ме отво­ре­но ма­ке­дон­ско­то пра­ша­ње. Ко­га бев­ме обе­ди­не­ти, ѝ пр­ко­сев­ме на Евро­па ис­цр­ту­вај­ќи ма­пи кои беа про­тив неј­зи­ни­те ин­те­ре­си во тој пер­и­од.

Што се слу­чи ко­га се раз­е­ди­нив­ме? Ко­га се раз­е­ди­нив­ме, бев­ме по­де­ле­ни. Бев­ме под­лож­ни на аси­ми­ла­ци­ја. Ко­га се раз­е­ди­нив­ме, до­бив­ме са­тра­пи. Та­ка ва­зал­но по­дре­де­ни ја про­пу­штив­ме го­ле­ма­та вој­на, ко­ја на на­ша зем­ја го до­не­се нај­го­ле­ми­от фронт, на тој фронт во­ју­вав­ме ме­ѓу се­бе во ту­ѓи вој­ски. На­ша­та раз­е­ди­не­тост и не­до­раз­би­ра­ње до­ве­де до ме­ѓу­себ­ни ли­кви­да­ции кои од­не­соа 90 про­цен­ти од ин­те­ле­кту­ал­ни­те си­ли. Та­ка де­се­тку­ва­ни вле­гов­ме во вто­ра­та го­ле­ма вој­на. И по­крај си­те ли­кви­да­ции и не­до­раз­би­ра­ња ги за­ко­пав­ме се­ки­ри­те. Што до­бив­ме то­гаш? Соз­да­дов­ме др­жа­ва. При што­ту­ку соз­да­де­на др­жа­ва ние по­втор­но се раз­е­ди­нив­ме, поч­нав­ме да се ка­стри­ме, со тоа пра­ша­ње­то си го за­тво­рив­ме на мо­мент. Ко­га дој­де мо­мент да се раз­дру­жу­ва би­вша­та твор­ба, Ма­ке­дон­ци­те се обе­ди­ни­ја. Се здо­бив­ме со са­мо­стој­ност.

На­ше­то раз­ног­ла­сие и бр­зоп­ле­тост до­ве­де до бој­кот на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри во 1994 го­ди­на, та­ка оста­вив­ме дру­ги да од­лу­чу­ва­ат за на­ша­та зем­ја. Оста­нав­ме без име и зна­ме, ни се за­гро­зи и иден­ти­те­тот. Та­ква­та раз­е­ди­не­тост нѐ до­ве­де на ра­бот на про­паст во 2001 го­ди­на, ни бе­ше раз­об­ли­че­на др­жа­ва­та. Пред да поч­не вој­на­та, во 2000 го­ди­на, то­гаш­на­та вла­де­јач­ка ВМРО-ДПМНЕ бе­ше по­тај­но вна­тре раз­е­ди­не­та. Сре­де таа раз­е­ди­не­тост се из­вр­ши удар врз служ­би­те ка­ко увер­ти­ра на вој­на­та, то­гаш­ни­от ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти не бе­ше од ре­до­ви­те на ВМРО-ДПМНЕ. Исти­те лу­ѓе што то­гаш из­вр­ши­ја удар, исто­то го пра­ват и де­нес, та­ка дој­дов­ме и до „Ди­во На­се­ље“ ка­де што со жр­тви бе­ше спа­се­на др­жа­ва­та.

До­кол­ку се­то тоа не е при­чи­на за обе­ди­ну­ва­ње, во тој слу­чај ни­што не сме на­у­чи­ле. А до­кол­ку не поч­не­ме да учи­ме, то­гаш се до­ве­ду­ва во пра­ша­ње на­ше­то по­сто­е­ње.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top