Екипата на Гефле се бори за опстанок во шведското првенство. Моментно е на претпоследното место на табелата и заостанува два бода зад Хелсинборг, кој е на позиција која води во баражот за опстанок. Гефле играше на гости против Калмар и славеше со 1:0.
На гостувањето во Калмар, гостите имаа само еден навивач на трибините. Тој единствено не се откажал од својто тим и решил да го бодри Гефле на ова гостување. Сам пропатувал повеќе од 1.100 километри за да го следи омилениот тим.
Играчите на теренот го наградија нивниот симпатизер со победа од 1:0, а по средбата дотрчаа до трибината и со него ја прославија победата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.