| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно: Ова е мајката од „Како ја запознав мајка ви“ (ФОТО)

За тие што со нетрпение секој понеделник ја очекуваат новата епизода од хит-серијата предупредуваме дека ова може да им го расипе задоволството од тоа самите да ја откријат толку очекуваната вистинска љубов на Тед

По цели осум сезони и најдолгата приказна за запознавање на две личности што е воопшто раскажана, продуцентите на серијата „Како ја запознав мајка ви“ покажаа милост.

enhanced-buzz-22067-1368492206-1

Како што беше најавено, Тед, конечно, ќе ја запознае и ќе ја открие мајката на своите две деца во деветтата сезона, но синоќа во финалето на осмата сезона, конечно, беше покажан нејзиниот лик.

Иако таа сѐ уште не беше официјално претставена, по неколкуте траги што продуцентите полека ги откриваа во текот на сезоната, американскиот портал „Базфид“ ја пронајде, а од студиото на „Си-Би-Ес“ потврдија дека, навистина, мајката е Кристин Милоти.

enhanced-buzz-10397-1368491307-5 enhanced-buzz-11061-1368491307-1

Таа веќе се има појавено во епизодни улоги на сериите „30 Рок“ и „Добрата жена“, а била и номинирана за најпрестижните театарски награди „Тони“ во 2012 година.

enhanced-buzz-8810-1368491728-25

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top