| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетничка во „ауди“ се судри со автобус – три лица повредени

Три лица од кои две малолетнички се здобиле со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случила на автопатот Гостивар – Тетово на околу два километри до клучката за Камењане.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека сообраќајката се случила вчера околу 15 часот и 30 минути и оти во неа учествувале патничко возило „ауди“ со тетовски таблички што го управувала 16-годишна малолетничка од Теарце и автобус „сетра“ со гостиварски таблици управуван од А.Д. (43) од Скопје.

– Во несреќата возачот на аудито и двете сопатнички, жителки на Тетово, на возраст од 17 и 18 години се здобиле со телесни повреди по што со медицинско возило биле пренесени и задржани за натамошно лекување во Тетовската клиничка болница, додека третиот сопатник на возраст од 18 години поминал без повреди. Според првичните податоци од увидот извршен на местото на настанот, причина за сообраќајната несреќа е неприлагодена брзина според условите на патот односно пребрзо возење додека вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари, изјави Јосифовски.

Полицијата работи на утврдување на околностите во кои се случила сообраќајката.

Фото:архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top