Пејачката Сека Алексиќ овие денови е револтирана од предавството на најблиските пријатели.
Имено како што се дознава пејачката и нејзиниот сопруг полуделе кога во емисијата „Папарацо лов“ ја виделе фотографијата на нивниот син која тие ја испратиле само на најбилиските.
-Не ми е јасно каков мотив имал некој кој ја дал фотографијата на Јаков на медиумите, ако тие не сакале јавноста да го види нивниот наследник. Сметаат дека се уште не е време за фотографирање за весниците и многу се лути. Се сомневаат на некои луѓе, но секако за тоа не сакаат јавно да зборуваат – изјавил извор близок на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.