Додека нејзиното поранешно момче Бане Јанковиќ, минатата сабота, се женеше во Белград, српската пејачка Катарина Живковиќ доживеа сообраќајна несреќа откако автомобилот излетал од патот.
Пејачката била на друга свадба и се враќала во Србија кога автомобилот во кој се наоѓала со пријател излетал од коловозот.
-Никој не можеше да очекува дека тоа ќе се случи. Патот беше лизгав, па нашиот автомобил се излизга и удри во заштитната ограда. Од силината на ударот оградата пукна и излетавме од патот. Во таа секунда, колку што траеше тоа сè, не бевме ни свесни што се случува. Кога автомобилот застана, се погледнавме и кога сфативме дека сме добро ни олесна. Повикавме еден пријател кој заедно со вас беше на свадбата, нè однесе до болница каде нè прегледаа, по што си заминавме, вели пријателот на Кача за „Ало“ кој со неа се враќал од БиХ.
Пејачката пак вели дека сè добро завршило.
-Беше и помина. За среќа помиваме без поголеми повреди. Автомобилот е оштетен и е на поправка, но важно е дека главите ни се на раменици, рекла пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст