| четврток, 6 декември 2018 |

Има 100 милиони долари, а живее како просечен Балканец

Немам телохранители и не носам скапа облека. Иако на сметка имам повеќе од 100 милиони долари, се возам со метро и уживам во тоа. Јас сум еден од ретките од актерскиот свет во Холивуд кој не живее во вила, немам телохранители и не носам скапа облека. Иако на сметка имам повеќе од 100 милиони долари, се возам со метро и уживам во тоа“, рекол актерот, кој стана славен по улогата во франшизата „Матрикс“.

Животот кон Ривс не бил ни малку нежен, кога има три години неговиот татко го напуштил семејството, а тој со сестрите израснал со дедото и бабата, бидејќи мајката четирипати се мажела и се разведувала. Страдал од дислексија и никогаш не завршил средно училиште. Како тинејџер, го изгубил најдобриот пријател, Ривер Финикс, кој се предозирал. „Тој беше голем човек и актер. Добро се сложувавме. Многу ми недостига и честопати мислам на него“, изјави неодамна Ривс.

Неговата најголема љубов, Џенифер Сим го загуби детето во осмиот месец од бременоста. Набргу потоа, додека се враќала од забава на Мерлин Менсон, била толку дрогирана, што се удрила во три автомобили и од јачината на ударот излетата од својот џип. Не преживеала.

Обожавателите го прашале Киану како се справува со сите овие животни трагедии. „Луѓето треба да бидат среќни за да живеат, а не јас“, заклучува Кијану Ривс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top