Полицијата во Њу Орлеанс го идентификувала осомничениот за пукањето на прославата на Денот на мајката, при што беа повредени 19 лица, меѓу кои и две деца. Фотографијата на осомничениот јасно го покажува неговото лице, а полицијата го повикала да се предаде.
По објавувањето на фотографиите во полицијата се јавиле неколку лица што го препознале напаѓачот. На конференцијата за медиуми вчера вечерта портпаролот на полицијата на Њу Орлеанс информирал дека е распишана потерница по 19-годишниот Акеин Скот.
Да потсетиме, најмалку 19 лица беа повредени во престрелката што се случи за време на парадата по повод Денот на мајката во Њу Орлеанс. Од 19 ранети, три лица се во критична состојба, а меѓу нив едно десетгодишно девојче и уште едно дете. Повредени се десет жени и седум мажи. На свеченоста, во моментот на пукањето имало меѓу 300 и 400 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.