Eдно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода која се случила синоќа околу 23:40 часот на патот Нов Дојран – Валандово, кај селото Николиќ. Се работи за 41-годишниот Д.А. од селото Фурка, кој управувајќи автомобил „голф 3“ удрил во камион „сканија“ со полуприколка кој го управувал А.М. (61) од Стојаково.
Од полицијата денес информираат дека возачот починал на лице место, а смртта била констатирана од страна на лекар од итна медицинска помош.
На местото на несреќата извршен бил увид во присуство на јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.