| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајк во „Кроација ерлајнс“, откажани повеќе од 20 летови

kroacija erlajns

Два синдиката што работат во „Кроациа ерлајнс“ ова утро излегоа на штрајк барајќи одржување на здобиените права од колективниот договор, поради што се откажани повеќе од 20 домашни и меѓународни редовни летови, а, во меѓувреме, сите патници се згрижени и транспортирани до нивните дестинации.

Компанијата е пред колапс и таа е должна милијарди, пишува „Јутарњи лист“.

Синдикатите на пилотите и кабинскиот екипаж утрово од 6 часот почнаа штрајк за да се исполнат барањата, откако вчерашните долгочасовни разговори со управувата завршија без договор.

Од пилотите и стјуардесите имало разбирање и подготвеност за договор, но, сепак, се верува дека ставот на управата е премногу силен. Штрајкувачите се надеваат дека денес продолжуваат разговорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top