| четврток, 6 декември 2018 |

Афера за прислушување новинари во САД

prisluskuvanje

„Асошиејтед прес“ соопшти дека Американскиот департмент за правда тајно два месеца снимал телефони на неговите репортери и уредници, што АП го нарече масивен и без преседан упад во активностите на печатот.

Претседателот на АП, Гари Пруит, вчера упати писмо со протест до главниот обвинител на САД, Ерик Холдер, поради тоа што Владата, според него, се обидела да дојде до информации без со ништо оправдана и специфична истрага.

АП соопшти дека Департментот за правда известил дека од телефонски компании биле земени снимки пред неколку месеци за 20 телефони на вработени во „Асошиејтед прес“.

Владата не соопшти зошто  го направила тоа. Официјални владини лица претходно изјавија дека главниот обвинител води кривична истрага во врска со протокот на информации за „Асошиејтед прес“ на 7 мај 2012 година за приказната за контратерористичката операција во Јемен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top