| четврток, 6 декември 2018 |

Егоистичниот Роналдо: Сам на себе сум си најголема инспирација

Kristijano-Ronaldo

Во интервју за магазинот „Коуч”, португалскиот ас кој е познат по својата самобендисаност, отиде чекор понатаму со изјавата дека сам на себе си е најголема инспирација. Тој прво почна со изјава за ривалството со Лионел Меси, велејќи дека воопшто не се работи за „големо ривалство“.

– Има големо взаемно почитување со Лионел Меси. Медиумите сакаат да направат ситуација во која имаме големо ривалство, но не е така. Не сме добри пријатели, меѓутоа има почитување, вели Роналдо.
На  прашањето за тоа кој му е најголема инспирација во неговата кариера, тој го одговорил следното:

– Мојата најголема инспирација секогаш сум јас самиот. Никој не поставува повеќе притисок од јас. Ги почитував Луис Фиго и Руи Коста, но никогаш не сакав да бидам како некого – се фокусирав да бидам најдобриот јас. Негативните луѓе и искуства ме мотивираат. Потребни ми се моите „хејтери“ кои ми помогнале да успеам, додава Роналдо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top