Првиот човек на Чеченија, во јавноста познат по својата блискост и безрезервна поддршка што му ја дава на Путин, во последно време се повеќе е на нишан на западните медиуми кои го опишуваат како деспот на својата земја, го обвинуваат за бруталност кон оние што му се спротиставуваат, не само во Чеченија туку ширум Рсуакта федерација, па дури и го нарекуваат ѓавол.
Во еден напис во Вашингтон Пост кој беше објавен неодамна со наслов „Путиновиот пакт со ѓаволот од Чеченија“, се наведува дека Кадиров е вмешан во бројни политички убиства, вклучувајќи ја и смртта на лидерот на Руската опозиција Борис Немцов, на новинарката Ана Политиковска и други. Дел од обвинувањата кон Кадиров биле насочени и кон неговата контрола и цензура на социјалните мрежи во Чеченија.
Сепак, друштвените мрежи се еден од најсилните инструменти со кој се служи Кадиров, па преку Инстаграм тој ги известува своите два милиони следбеници за неговите активности. Објавува слики и видеа на кои се моли, тренира, разговара со државните службеници, па дури и организира прослави. Освен овие активности, тој јавно и секојдневно ја искажува својата љубов кон животните, што се на се го прави скоро совршен клон на Путин.
20 годишниот пат и промена на правец за 180 степени
Рамзан Кадиров првата Чеченска војна за затекнал на прагот на полнолетноста, но сепак таа 1994 година облекол униформа и заедно со својот татко им се приклучиле на сепаратистите во борбата против руските сили. Две години подоцна станал асистен и телохранител на својот татко Ахмед Кадиров кој и прогасил џихад на Русија.
Меѓутоа во 1999 година дошло до раскол во редовите на борците за независна Чеченија. Радикалниот исламизам почнал да расте, а Разман и неговиот татко им се спротиставиле на своите поранешни соборци и во втората чеченска војна ја замениле страната и застанале зад проруските сили.
Веќе во 2000 година таткото на Рамзан станува шеф на привремената управа на Чеченија, а тој зема функција во Министерството за внатрешни работи на Руската федерација. Од тој момент почнува вртоглавиот прогрес на политичката кариера на Рамзан.
Во овие години влијанието на Кадирови во Чеченија рапидно растело, па Рамзам станал одговорен за повеќе тајни операции и преговорите со сепаратистичките вооружжени групи во неговата земја. Поголемиот дел од бунтовниците биле неутрализирани, а дел од нив го промениле својот став и му станале соработници.
Во 2004 Кадиров станува помошник на министерот за внатрешни работи во Чеченија и заменик премиер. Таа година бил одликуван со орден за Херој на Руската федерација и прв пат официјално се сретнал со Путин. Веќе следната година Рамзан станува премиер на Чеченија и зема уште неколку високи функции. Тој е на чело на Чеченија од март 2007 година по отставката на претходниот претседател Али Аланов.
Блискоста со Путин западните медиуми ја оценуваат како лоша за рускиот лидер, кој пак никогаш не се воздржувал да ја покаже својата наклонетост спрема Кадиров. Во една прилика дури и отиде дотаму што изјави дека Рамзан до доживува како свој син.
Од самото доаѓање на власт во Чеченија, Кадиров вели дека земјата ќе стане најмирносто и најбогатото место на светот. Многумина го опишуваат како жесток, борбен и опасен лидер, а неговиот начин на владеење го нарекуваат угнетувачки. Сепак, дел од коментарите велат дека само таков човек може да ја одржи Чеченија стабилна.
Аналитичарите оценуваат дека Кадиров е еден од најблиските сојузници на Путин, но и негов голем товар. Како што велат, тој лесно може да излезе од руската контрола, но заради стратешката важност на Кавказ, кој претставува врата за дестабилизација на Русија, на Москва и тоа како и треба за сојузник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.