Пејачката Славица Чуктераш и нејзиниот сопруг Владо Аврамов денеска станаа родители.
Славица околу 11 часот се породи во Нови Сад и на свет донесе ќеркичката на која и го даде името Викторија.
– Тие двајцата се пресреќни што станаа родители, и тоа им беше голема желба. Славица и бебето се чувствуваат одлично, а Владо е пресреќен поради новата улога во својот живот и веќе почна да слави во Нови Сад. Нивните семејства и пријателите се неизмерно среќни поради нив, па целата оваа недела ќе помине славенички во чест на раѓањето на Викторија, вели извор близок до семејството.
Славица во март дозна дека е бремена, поради што мораше да се повлече од естрадата. Поради бременоста го прекина учеството во шоуто „Твоето лице звучи познато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.