Слатко бебенце со Даунов синдром стана интернет сензација откако мајка му сподели фотографии на кои тоа позира со насмевка на лицето.
Малиот Ешер Неш бил одбиен за учество во реклама од страна на агенција за таленти со објаснување дека компанијата не барала бебе со посебни потреби. Сега мајка му Меган, заедно со организацијата „Changing the Face of Beauty“ има мисија да ги промени перцепциите кај луѓето за убавината, да го направи рекламирањето поинклузивно и да го натера брендот OshKosh B’gosh да го вклучи 16-месечниот Ешер во своја кампања.
Фотографиите од Ешер беа споделени на Facebook страницата „Kids with Down Syndrome“ и за кратко време се распростанија на социјалните мрежи. Објавата има повеќе од 125 илјади споделувања и повеќе од 100 илјади допаѓања.
Откако објавата стана хит на социјалните мрежи, мајката Меган во интервју рекла дека нејзиниот син ги исполнувал критериумите наведени во повикот за кастинг за „големина, боја на очите и косата“, па откако ѝ било кажано дека брендот не барал дете со посебни потреби, таа ги запрашала: „Дали тие кажаа дека не бараат бебе со посебни потреби?“ На тоа од агенцијата ѝ одговориле: „Не, не кажаа ништо“.
-Мојот син секој ден ги носи вашите алишта – им возвратила Меган.
Целта на Меган е да го промени начинот на рекламирање од страна на брендовите за да придонесе лицата со посебни потреби вистински да бидат прифатени.
-Би сакала од OshKosh да го запознаат мојот син и да го видат она што ние го гледаме во него. Не сакам да го искористат поради вревата која ја креваме на интернет. Сакам да го искористат затоа што го ценат и гледаат колку многу тој може да придонесе во нивното рекламирање. Децата со Даунов синдром и со други посебни потреби се неверојатни човечки суштества и сакаме OshKosh да ни помогне да ги промениме перцепциите на светот– вели Меган.
-Ако мојот син и другите лица со посебни потреби не бидат вистински прифатени, не може да има инклузија за нив во иднина. Време е да сфатиме дека ова не е само тренд кој доаѓа и заминува. Тие се тука засекогаш. – додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст